Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕБАР СЕ НОРМАЛИЗИРА: Дука информира дека шест дена немаат нови заразени

ДЕБАР СЕ НОРМАЛИЗИРА: Дука информира дека шест дена немаат нови заразени

Во Дебар веќе шест дена нема новозаразени со коронавирусот.

Градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран  Дука вели дека бројката останува на 51.

Од нив 2 се од Општина Центар Жупа. 

„Во домашна изолација се 53 лица“, рече Дука.

За едно деноноќие излекувани се 4 граѓани на Дебар.

Волонтерите на Црвен крст, имале  22 повика, од нив шест за храна и 16 за достава на лекови.

Дебар и Центар Жупа еден месец беа во кризна состојба. 

Сега полека животот се враќа во нормала.

Во земјава бројот на активни заразени е околу 1.000.

Од утре во три македонски градови, Прилеп, Куманово и Тетово граѓаните мора да носат заштитни маски.

Како замена може да се употреби и марама или шал со кои ќе бидат покриен носот.

Карантин се бараше и за Куманово, но премиерот Оливер Спасовски објасни дека Куманово не може да се затвори поради големиот број на жители.

фото Википедија

Слично

Поврзани вести