Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дебакл на теренската имунизација

Дебакл на теренската имунизација

Теренската вакцинација во училиштата против морбили доживеа дебакл откако од невакцинираните ученици против мали сипаници се заштитиле само 119, или едвај 8 проценти од предвидените во скопското подрачје, додека за останатите немало согласност од родителите. 

Скопските здравствени тимови минатата недела посетиле 51 училиште каде учеле 1490 невакцинирани ученици.Здравствените власти со вакви мерки се обидуваат да го зголемат опфатот со МРП.

Во финална фаза е промената на календарот за имунизација каде како задолжителни влегуваат и вакцините за рота вирус и пнеумокок.

На детската клиника во моментот имаат новороденчиња со рота вируси како и деца со респираторни инфекции и пневмонии кои мора да бидат на болничко лекување. Педијатрите очекуваат да нема отпор кон двете нови вакцини како што е случајот со големиот број на невакцинирани против морбили.

Во меѓувреме расте бројот на заболени со морбили. На Клиниката за детски болести имаат 13 хоспитализирани пациенти, од кои 11 месечното  бебе веќе две недели е на апарати за дишење поради компликациите од малите сипаници. 34 заразени има и на Инфективна од кои 18 се возрасни и 16 деца.


Слично

Поврзани вести