Економија, финансии, бизнис

Контакт

Де Моншален: Нема автоматизам за отворањето преговори во март

Де Моншален: Нема автоматизам за отворањето преговори во март

Француската државна секретарка за европски прашања, Амели де Моншален, на прес – конференција во Брисел изрази увереност дека методологијата што ќе ја објави Европската Комисија во среда ќе биде задоволителна за Франција, но сѐ уште не гарантира отворање на преговорите за Северна Македонија и Албанија во март, јави дописникот на МИА.

Франција инсистира новата методологија да вклучува четири клучни принципи: реверзибилност, политичко управување со процесот, постепеност и конкретност. Според дипломатите во Брисел кои се запознаени со нацртот на ЕК овие барања на Париз ќе бидат задоволени. Потоа земјите членки ќе треба во текот на следниот месец да ја прифатат оваа нова методологија и да одлучат дали даваат зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија.

Француската државна секретарка за европски работи на денешната прес  – конференција во Брисел рече дека не може да каже за сега која ќе биде позицијата на Франција сѐ додека не се објави реформата на процесот како и извештајот на Европската Комисија за реформите во земјите, кој се очекува во март исто така.

Советник на Макрон најавува дека Франција може да ја тргне блокадата за Македонија и Албанија. 

Одвојување на Тирана и Скопје нема да има. 

Oва го тврди Клемент Боне, советник на францускиот претседател, Емануел Макрон.

Слично

Поврзани вести