ДДВ-ТО ЗА СТРУЈАТА ЌЕ БИДЕ ПЕТ ОТСТО ДО КРАЈОТ НА ЈУНИ ИДНАТА ГОДИНА - Владата го усвои предлогот за намалување на стапката
Иако се уште нема официјално владино соопштение, министерот за финансии Фатмир Бесими преку фејсбук информираше дека Владата го усвоила предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства.
Како што наведува Бесими, според измените на Законот за данок на додадена вредност, ДДВ-то за електрична енергија се предлага да се намали од 18 на 5 отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022 и 10 отсто за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година.
„Целта е да им се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и да се одржи пониска цена на струјата“, потенцира Бесими.
Слично
