ДДВ-то за донации ќе се дискутира на владина седница
Министерот за финансии Зоран Ставрески најави дека на седница на Влада ќе го покрене прашањето за данокот на додадена вредност што се плаќа и за хуманитарна донација преку телефонски повик.
Ставрески вака одговори на реакциите во јавноста откако на хуманите граѓани кои донираа по 100 денари за жртвите од поплавите на Балканот им беа наплатени и 18 денари ДДВ.
„Тоа се законските услови во Република Македонија. Доколку има барање и потреба може да се променат законите. Тоа е прашање за кое може да се дискурита на владина седница. Секако дека не се работи за некој голем износ, но тоа прашање треба да се отвори на влада“, рече Ставрески, одговарајќи на новинарско прашање.
Според последните информации, на телефонскиот број за донации за жртвите на поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, македонските граѓани за само два дена донирале речиси 120.000 евра. Со ова речиси 22.000 евра завршиле во државната каса на име на ДДВ.
Хрватската Влада предмалку на Твитер објави дека се откажува од ДДВ-то за оваа намена и средствата ќе ги уплати на сметката за помош на настраданите од поплавите.
Слично
