Економија, финансии, бизнис

Контакт

Давутоглу- Ахмети: Aлбанците се главна оска на стабилноста на Балканот

Давутоглу- Ахмети: Aлбанците се главна оска на стабилноста на Балканот

Првиот човек на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, денеска во Скопје се сретна со поранешниот премиер на Турција и актуелен пратеник од Коња, Ахмет Давутоглу.

Соговорниците разговараа околу политичката ситуација во земјата и во регионот фокусирајќи се во актуелната ситуација во земјата. 

Давутоглу потенцирал дека Али Ахмети е клучен фактор за стабилноста на Македонија и на регионот, земајќи предвид дека Албанците живеат во шест држави низ регионот, и се главна оска на стабилноста на Балканот.

Ахмети се осврнал и на заложбите на Демократската унија за интеграција во однос на политичката стабилност на земјата, добрите меѓуетнички односи, добрососедството, интеграцијата во НАТО и Европската Унија, се наведува во соопштението на ДУИ.

Претседателот на Партијата за движење на Турците во Македонија и министер задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил, синоќа го пречека и оствари средба со  Давутоглу на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Давутоглу дојде во работна посета на Македонија.

Довутоглу, кој ќе биде во тридневна работна посета на земјата, при што ќе се сретне и со премиерот, Зоран Заев. 

Слично

Поврзани вести