ДАВКОВА: Претседателот досега многупати можеше да стави вето за злоупотребата на толку саканото ЕУ знаме
Порака од кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.
„Дојдени сме до ѕидот на срамот!
Со почит ќе се однесувам кон Владата, ќе соработувам со неа, ќе давам совети. Ќе се обидувам двете глави како една да делуваат кога се во прашање државните и национални интереси, да соработувам со опозицијата. Нема да се однесувам како тие што се однесуваат кон нас во Собранието.
Претседателот досега многупати можеше да стави вето за злоупотребата на толку саканото ЕУ знаме, партал го сторија. Јас не знам колку закони прекутрупа донесоа, ама не заради ЕУ страндарди, туку заради личните и олигархиските интереси.
Се надевам дека овој хаос и оваа агонија нема да дозволиме да продолжат, доста беше од нив! Мора да дојдат нови луѓе со дигнитет и авторитет, ќе бидете горди на нив. Подобра одошто е, ќе ја претставувам Македонија“, гласи пораката на Давкова.
Слично
