Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАВИТКОВСКИ ЗА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Aко не се подели, мислам со 50-60 обвинети тоа ми личи на змиско око

ДАВИТКОВСКИ ЗА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Aко не се подели, мислам со 50-60 обвинети тоа ми личи на змиско око

Професорот од Правниот факултет во Скопје, Борче Давитковски вели дека судскиот процес за пожарот во дискотеката во Кочани, во која досега осомничени се педесеттина лица, треба да се подели на неколку обвиненија, заради поголема ефикасност. 

Два месеца по несреќата истрагата е во тек, а државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, неодамна објасни дека истрагата на Обвинителството се очекува да заврши до 17 јуни.

„Јас мислам дека ако не се подели судскиот процес, мислам со 50-60 обвинети тоа ми личи на змиско око. Јас мислам дека мора да се поделат обвинетите и во зависност кое дело го сториле така и да се одвива судењето со цел да биде ефикасно и брзо да се донесе решение, инаку тоа ќе се развлече. Педесет обвинети, еден адвокат да не дојде тоа ќе се одлага, и знаете наша судска пракса каква е. Сме имале стотици вакви големи случаи. Така да претпоставувам мора да ги поделат обвиненијата за одредени сегменти. Кој ќе одговара за давање лажни лиценци, кој ќе одговара за примање мито итн“, вели Давитковски. 

Во пожарот загинаа 62 луѓе, а имаше и околу 200 повредени. 

Слично

Поврзани вести