Економија, финансии, бизнис

Контакт

Давитковски: Власта и опозицијата да предложат по двајца уставни судии

Давитковски: Власта и опозицијата да предложат по двајца уставни судии

Борче Давитковски, деканот на  правниот факултет „Јустинијан први“, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека власта и опозицијата треба да се договорат меѓусебно и секоја страна да предложи по двајца судии за да се комплетира Уставниот суд и тој да може да работи.

Шефицата на Уставниот суд, Добрила Кацарска, до собранискиот спикер Талат Џафери побара да го заложи својот авторитет и Собранието да избере четири уставни судии во насјкоро време, бидејќи моменталнно во судот работат само пет уставни судии, наместо девет.

Во Комисијата за избори и именувања во Собранието не може да се предложат судии.затоа што е блокирана, откако нејзиниот претседател стана градоначалник. 

„Ако се испазарат, ќе изгласаат. Двајца да бидат со поддршка на власта и двајца предложени од опозицијата“, рече Давитковски.

Според информациите што ги има универзитетскиот професор, на уште една судијка и истекува мандатот во септември и Уставниот суд ќе остане само на четири судии, по што ќе нема ниту кворум за работа.

Секој член на Комисијата за избори и именувања во Собранието има право да предлага кандидати за уставен судија и тие предлози се гласаат. Оние што ќе поминат тука, одат на гласање на пленарна седница, но во моментов таму работата се одвива под тензии.

Слично

Поврзани вести