Економија, финансии, бизнис

Контакт

Давитковски: Никаде нема графа за етничка припадност во личните карти

Давитковски: Никаде нема графа за етничка припадност во личните карти

Професорот по право при УКИМ, Борче Давитковски, смета дека печатењето на новите лични карти со подзаконски акт, а не со носење на измена на закон или усвојување на ново законско решение не е единствениот спорен момент, туку и идното ставање на графата за етничка припадност.

Според експертот, тоа е спротивно на европската пракса и ќе преставува проблем за земјава.

„Никаде во светот не постои рубрика национална припадност, исто како законот за државјанство не постои никаде во свет, мораме согласно европски стандарди ако добиеме датум Европа прво ќе бара да го укинеме законот според конвенциите и сега за личните карти“ вели Давитковски за ТВ24.

Тој вели дека сега имаме небулозна ситуација кога подзаконски акт го поништува постоечкиот закон за лични карти.

„Носат уредба, имаме Устав, закони и подзаконски акт, она што се имплементоира во закон, па во подзаконски акт, сега наеднаш се брише и директна примена на Уставот, треба со измена на постоечки закони“ рече Давитковски.

Професорот додава дека сегашната ситуација е производ на партиските калкулации и лукративни причини на владеачките партии, и затоа земјата се доведува во ситуации кои се спротивни на домашната и меѓународната легислатива.


Слично

Поврзани вести