Економија, финансии, бизнис

Контакт

Давидовиќ: Вината за бегството е кај обвинителството

Давидовиќ: Вината за бегството е кај обвинителството

Адвокатот Звонко Давидовиќ во емисијата 24 анализа потенцираше дека додека нема судско решение или правосилна судска пресуда или обвинителската наредба за нечие приведување, МВР не може никого да приведе или да му ги ограничи правата на слобода. Вели дека вината за бегството е кај обвинителството. 

МВР може да се обратило до обвинителството, но обвинителството е орган кој бара и е должен за постапката што ја води да ги обезбеди потребните решенија и наредби од судот за определно лице да има засилен надзор притворено или на било кој друг начин обезбедно. Адвокатот рече дека не е прв пат институциите да си ја префрлаат топката. 

Полицијата за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков попладнево објави меѓународна потерница. 

Влатко Мијалков ја напушти полициската станица Пролет и не сакаше да даде коментар во врска со бегството на неговиот брат, Сашо Мијалков, пренесува ТВ21. Во меѓувреме, како што информираат од телевизијата, завршен е распитот и за останатите роднини и блиски соработници на Мијалков.

Слично

Поврзани вести