Давидовиќ вели дека пронајдените 350.000 евра не се на судијата, туку на неговите родители
Родителите на судијата Ѓоко Ристов, во чијa куќа во Неготино беа пронајдени 350.000 евра, во ѕид, тврдат дека пронајдените пари им припаѓаат ним, а не на нивниот син.
Ова го соопшти адвокатот на одбраната на судијата, Звонко Давидовиќ, најавувајќи жалба на одлуката на судијата во претходна постапка, со која на Ристов му се изречени мерки на обезбедување – куќен притвор, одземање на паso[ и забрана за вадење нова.
Давидовиќ исто така го коментираше делот од обвинението во кое Ристов се товари за непријавување стекнат имот, но посочи дека во членот од законот во кој се регулира оваа проблематика „постои двојба“, односно дека судот и судиите не се опфатени со наброените категории.фото принтскрин
Слично
