Давидовиќ: Распоредот на „Сваровски“ судии ќе ја отежне работата на СЈО
СЈО со новиот распоред на судии во Кривичниот суд кои досега ги одбиваа сите предлози на тимот на Катица Јанева е добро осмислен и според адвокатот Давидовиќ покажува дека Врховниот суд со одбивањето на сите приговори на судиите кои се пожалија покажува која е главната цел.
„Очигледно е, но и фактите покажуваат дека рапоредот е ист, односно кон Специјалното јавно обвинителство е непроменет, луѓето кои работеа и ги одбиваа сите можни предлози на СЈО, пак се на истото место, Врховниот суд носи исти одлуки, дури и се обидува да спинува дека, СЈО сега не соработува и кога ќе видите резултатот е ист, судството е на дното“. – вели адвокатот Звонко Давидовиќ за Алсат-М.
Со ваква поставеност на „сваровски“ судии во Кривичен, Давидовиќ е убеден дека следните обвиненија на Специјалнот јавно обвинителство немаат иднина. Катица Јанева ќе се соочи со жесток отпор на судиите кои ќе одлучуваат за притвор во одредени предмети.
„Во ваков состав да, и тоа го покажа праксата. Не само што нема да има притвор, свесни сте дека ниту една обична судска наредба не се спроведува и судот не застанува зад тоа. Срамно е тврдењето на претседателот на Судскиот совет дека судството функционира зошто издало наредба , но судот таа своја наредба не се погрижил да се испочитува“. – објаснува Давидовиќ.
Токму поради деградирње на судии од Кривичниот суд, комплететно беше поништен рапоредот на претходната в.д. претседателка, Татајана Михајлова. Откако врховните судии ги прифатија речиси сите приговори на нејзините колеги, таа си поднесе неотповиклива оставка. На нејзино место дојде врховниот судија Стојанче Рибарев. И тој е со статус в.д. шеф. Изготви речиси идентичен рапоред како Михајлова, но Врховен експресно ги одби сите 17 приговори.
Извор: alsat-m.mk
