Давидовиќ и официјално во трка за фотелјата на Зврлевски
Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ и официјално за медиумите потврди дека има намера да се кандидира за нов јавен обвинител со цел да го замени Марко Зврлевски за чие разрешување се води собраниска расправа.
Давидовиќ кој е еден од најгласните критичари на погрешните политики во правосудството и силен поддржувач на СЈО се надева дека може ефикасно да ја врши функцијата јавен обвинител за што поткрепа гледа и во неговото долгогодишно искуство.
Сепак, крајниот збор ќе го има парламентарното мнозинство кое откако ќе објави оглас ќе одлучува за кандидатурите на потенцијалните наследници на Зврлевски.
Слично
