Економија, финансии, бизнис

Контакт

Давид Дамјановски го фати крстoт во Тетово

Давид Дамјановски го фати крстoт во Тетово

Во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово, осветениот крст го фати 21-годишниот Давид Дамјановски.

Претходно, архиерејската литургијата, чинот на водосвет и положување на осветениот крст во црковниот базен ги изврши митрополитот г. Јосиф.

„По втор пат скокам по осветениот крст и за прв пат успеав да го фатам. Посакувам Господ да дарува здравје, љубов и бериќет оваа година“, изјави Дамјановски.

По осветениот крст скокаа и 24-годишниот Давид Ристовски и 23-годишниот Наден Ристовски, сите тројца од населбата Два бреста во Тетово.

Слично

Поврзани вести