Економија, финансии, бизнис

Контакт

Даути од „ТНТ“ повторно бара да му се овозможи одбрана на албански јазик

Даути од „ТНТ“ повторно бара да му се овозможи одбрана на албански јазик

Адвокатот Мерџан Даури, кој ја застапува обвинетата градежната инспекторка од Гази Баба, Елисавета Најдовска, во предметот „ТНТ“, се жали од Судечкиот совет во Кривичниот суд затоа што не му обезбедил превод на сите списи и докази на албански јазик. Даути лани на 4 ноември стана бранител на Најдовска во судскиот случај ТНТ и побара преводи на сите списи од македонски на албански јазик.

„Од првиот ден, т.е. 04.11.2019 година, кога сум се ангажирал како бранител на обвинета Елисавета Најдовска од Скопје, до Основен Кривичен Суд Скопје, сум побарал да ми се даде можноста на превод од македонски јазик на албански јазик на сите списи и докази, се со цел да ми се овозможат сите права согласно закон, поради фактот да понудам најквалитетна моја одбрана на клиентот кој го застапувам во овој кривично правен настан, нешто што од страна на Судот никогаш не сум добил. Сепак морам да истакнам дека со досегашниот начин на водење на судските рочишта ми се ограничува правото на користење на албанскиот јазик како мој мајчин јазик за службена употреба во судската постапка, што е спротивно на Амандаман V од Уставот на РСМ и член 9 од Законот за употреба на јазиците, кои имаат за последица загрозување на правото на одбрана (заштитено со член 6 ст.3 од Европската конвенција за човекови права) и суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка“, се вели во испратеното соопштение.

Неодамна министерката за правда, Рената Дескоска, реагираше дека барањето на Даути за превод на сите списи на албански јазик во случајот со насилното рушење на „Космос“ е експлицитен пример за тоа како одбраната на обвинети во предмети на СЈО се обидува да ги одолговлекува постапките. Според Дескоска ова претставува злоупотреба на Законот за јазици.

Тој се жали дека не може квалитетно да ја подготви одбраната на Најдовска во бидејќи од Основниот кривичен суд сѐ уште не ги добил преведени сите списи и докази кои ги побара на 04.11.2019 година од овој суд. Дополнитлено вели дека не ги добива ниту записниците од рочиштата, а секој ден има рочиште.

– Сепак морам да истакнам дека со досегашниот начин на водење на судските рочишта ми се ограничува правото на користење на албанскиот јазик како мој мајчин јазик за службена употреба во судската постапка, што е спротивно на Амандаман V од Уставот на РСМ и член 9 од Законот за употреба на јазиците, кои имаат за последица загрозување на правото на одбрана (заштитено со член 6 ст.3 од Европската конвенција за човекови права) и суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка – вели Даути.

Даути посочува дека судијата Огнен Ставрев, кој го води предметот, свесно избегнува ова негово барање да го внесе во записниците за одржување на рочиштето, со што, како што тврди, го оневозможува да поднесе жалба и да превземе други правни дејствија.

– Необезбедувањето на превод на сите потребни документи и материјали, односно необезбедувањето на симултан превод за време на целиот тек на постапката претставува суштинска повреда на постапката.Во случај на неусогласеност на одредбите на овој закон со јазичните одредби нa друг закон, органите се должни да го применуваат членот 9 од Законот за употреба на јазиците – тврди Даути.

Судењето за случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски продолжува на 17 јануари 2020 година. Истекување на мандатот на поротници, откажување на адвокати, болни сведоци и обвинети се дел од причините за одложување на рочиштата, но и за поднесување на иницијатива за измени и дополнување на Законот за кривична постапка. Рочиштето за „ТНТ“ пред Нова Година беше одложено поради отсуство на обвинетиот Тони Трајковски, кој пријави дека е претепан и дека се лекува на Клиника за неврохирургија.

Во ваква ситуација, вели тој, тешко може да ја подготвува одбраната и посебно вкрстеното испитување на сведоците, а закажаните рочишта едноподруго не му дозволуваат да биде подготвен за секој ден. Тој се повикува на институтот судење во разумен рок.

Наведува дека по празниците почнувајќи од 13 до 27 јануари секој ден има расправа. Ставрев поради блокирање на случајот го казни и со 2.000 евра.


Слично

Поврзани вести