Датумот за преговори неизвесен
Јуни, јули или октомври, неизвесно е кога земјава ќе добие датум за почеток на преговори со Европската Унија.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервјуто за виенскиот весник „Стандард“ укажува дека доколку Европската унија не даде зелено светло на нашата земја за отворање на пристапните преговори, тогаш тоа би имало негативно влијание и би и наштетило на веродостојноста на Унијата во регионот.
„Ако на светот постои регион во кој Европската унија има големо влијание, тоа е Западен Балкан. А ако унијата не биде во состојба да биде одлучна во тој регион, тогаш нејзиното настојување да биде глобален играч би било доведено во прашање“, вели Димитров за виенски „Стандард“.
Дел од европските земји се скептични околу тоа дали Македонија треба во јуни да ги почне преговорите.
