„ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ДОБИ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, НЕ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Мицкоски ја коментираше Резолуцијата за црвени линии на Филипче
На документот ќе се вратиме после изборите, има доста работи кои мислиме дека како импут би допринеле на самата Резолуција, вели премиерот Христијан Мицкоски за Резолуцијата која денеска ја презентираше лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
„Она што мене ми падна во очи, а типично за СДСМ да фалсификува и да лаже, се неколку точки кои се во самата преамбула на Резолуцијата. Се обидува да се негира еден историски факт и да се каже дека македонскиот јазик бил официјален од 2019 година. Тоа е една монструозна лага, посебно во годината кога славиме 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик и неговото примање во ОН. Би сакал овој монстрозен фалсификат кој е дел од оваа Резолуција, македонската јавност да го отфрли и да го осуди“, вели Мицкоски.
Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и државотворна партија ќе направи вистинска Резолуција, како подлога ќе ја искористиме оваа Резолуција и ќе формираме т.н. „Македонска Резолуција“.
„Во 2005 година, Северна Македонија не доби датум за преговори, туку доби Република Македонија, односно тогашната држава која што во меѓународниот поредок беше Поранешна Југословенска Република Македонија. Исто така во 2009 година, прв позитивен извештај за отпочнување преговори доби Република Македонија согласно Уставот. Самата конструкција е лажна, но тоа е типично за СДСМ. Би ја коментирал е конфузијата во самата Резолуција. Зборуваме за Копенхагеншки критериуми, а поптоа ги цитираме двата билатерални договори со Грција и Бугарија“, рече Мицкоски.
