Даштевски: За да нема хакерски напади, податоците за гласачите во терминалите за отпечатоци ќе се полнат офлајн
Изборите ќе бидат навремени и покрај тоа штоне се поминати измените на ИЗборниот законик, уверува во интервју за МИА, претсдателот на ДИК, Александар Даштевски. Државната изборна комисија (ДИК) го потпиша договорот со германската компанија „Дермалог“, која треба да ги набави потребните терминали за читање отпечатоци од прсти и системот за нивно функционирање, а ќе се грижи и за нивно одржување во следните четири години односно четири изборни циклуси. Даштевски вели дека договорот е склучен за софтверот и терминалите, но и друга дополнителна опрема резервни делови, кутијата која е куфер направен по стандарди за да не може да подлежи на кршење, на прашина и вода, литиумски батерии.
„Со него е купен и мрза скенерот и термалниот принтер. Тоа се работи кои спаѓаат во стоки, се работи за услуги и услугите како што е дефинирано вчера во Договорот ќе траат не само за овој избирачки процес, туку ќе траат во наредните четири години, сервисирање на опремата и спроведување на целиот изборен процес во смисла на ставање на отпечатоци на прст, односно спроведување на изборниот процес со отпечатоци на прст, вели Даштевски.
Вели дека лица на компанијата ќе бидат присутни тука на теренот со 150 и повеќе инженери ако проценат.
„Понатаму тие ќе мора да направат прирачници како се користат тие (терминалите) кои ќе ги има секој претседател и заменик претседател на и одбор. Значи тие прирачници ќе служат за тоа ако заборави тоа што се случува на обуката да го има прирачникот да се потсети, а обуката за тие терминали, бидејќи тоа е техника нели е исто нивна надлежност. Се работи за некаде околу 7.000 луѓе, околу 3,5 илјади гласачки места. Значи тоа ќе значи дека фактички имаме обезбедено од нив сигурност дека процесот добро ќе се одвива. И нели треба да ги наполнат терминалите и да ги испразнат терминалите. Нивниот софтвер треба да го поврзат на нашиот софтвер и од таму да ги наполнат терминалите со бројчиња по избирачки список односно по избирачки места.
Така е посигурно.Таа варијанта всушност е избрана затоа што се уште во Македонија, кај нас, нема биометриски податоци и на личните карти и на пасошите што би било, би можело да се направи и онлјан, тие да си стојат таму во базата, а да биде со интернет поврзано. Можеби тоа е подобро за да не се напаѓа системот хакерски или да се сруши системот. Ова ќе биде офлајн, значи нема да биде поврзано со интернет, вели Даштевски.
Извор и фото: МИА