ДАШТЕВСКИ СООПШТУВА РЕЗУЛТАТИ: Со фингерпринтот имавме детски болести
Претседателот на Државната изборна комисија одржа прес конференција соопштувајќи резултати од денешното глассање во вториот круг од локалните избори 2021 година.
Рече дека гласањето поминало во најдобар ред. Тој им се заблагодари на граѓаните, на печатницата, на медиумите, и на сите кои учествуваа во гласањето.
Првиот круг беше потешко гласањето со фингерпринт оти не беше извежбано. Во вториот круг беше 100 отсто подобро. Важно е да се почне, има детски болести, ама ако не почнеме може да заостанеме, а тоа е важно за демократијата, рече Даштевски.
Први ги соопшти резултатите за град Скопје и кажа дека Петре Шилегов има 41,10 отсто, а Данела Арсовска 55,4 отсто од гласовите.
Слично
