ДАШТЕВСКИ: Се извинувам ако нешто погрешно кажав, и јас бев под голем стрес, Арсовска води пред Шилегов
Александар Даштевски, претседател на ДИК на вечерашнава пресконференција рече дека од досега обработените резултати, кандидатот на СДСМ Петре Шилегов има освоено 35,26 отсто и Данела Арсовска има 38,15 отсто, но бројот на обработка е сеуште мал. За Совет на Град Скопје има недоволна обработеност.
Тој рече дека сите резултати можат да се видат и на веб сајтот на ДИК.
Даштевски се извини на новинарите ако нешто погрешно кажал во текот на денешните пресконференции.
„Се извинувам ако нешто погрешно кажав и јас бев под голем стрес, тежок ден беше, беше важно денот да помине донро, сега сметам дека се е во ред полека ќе чекаме резултатаи“, рече Даштевски.
Во ДИК денеска стигнале 286 приговори за заштита на избирачкото право, од кои 217 се прифатени, 19 приговори одбиени, 34 се неосновани, а 16 приговори се во обработка.
„За 11 избирачки места за кои беше продолжено гласањето толку колку што беше прекинот, информираме дека гласањето е завршено, и тоа во последните избирачки места во 21.55, или 2 часа и 55 минути после 19 часот“, рече Даштевски.
Постапката за собирање и обработка на резултатите сеуште трае.
За градоначалници има резултати од 1.662 места, вкупно 3.480 избирачки места или 47,76 проценти вкупно.
