Економија, финансии, бизнис

Контакт

Даштевски: Резултати од гласањето најверојатно после полноќ

Даштевски: Резултати од гласањето најверојатно после полноќ

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски, во интервју за МИА вели дека резултатите од гласањето на локалните избори ќе бидат објавени најверојатно утре после полноќ, затоа што ќе има споредување.

На денот на изборите ќе бидат ангажирани 400 ИТ инжинери и експерти, од кои 320 од ДИК и 80 од компанијата „Дермалог“ од која се набавени уредите за гласање со отпечаток од прст. 

„Очекувам проблеми на отворањето, меѓутоа рековме техничките лица ќе помогнат затоа што секој може да се збуни, а после кога ќе се извежба, значи десет избирачи кога ќе поминат веќе тој има рутина“, изјави Даштевски за ракувањето со уредите за отпечаток од прст.

Откако гласачот ќе ја покаже личната карта, следниот чекор е да го колектира отпечатокот од прст и ако го најде ќе покаже зелено ако не гласал, ако гласал ќе покаже црвено светло и звучен сигнал. 

„Доколку не може да му го најде отпечатокот тогаш се користи тој МП3 скенер, се става личната карта или патната исправа во него, и бидејќи тој е внатре во податоците, го пронаоѓа. Меѓутоа, за секој случај има и трета опција со матичен број. Тоа е апарат кој има екран од осум инчи и дигитална тастатура. Го впишува матичниот број и тогаш го наоѓа. Меѓутоа, ќе го најде по важечкиот личен документ. И фактички кога ќе го најде тој мора, тоа го прават претседателите и замениците претседатели на избирачки одбори, и истиот човек кој е на екранот да го отколектира прстот, бидејќи тоа после се проверува“, објаснува првиот човек на ДИК.



Слично

Поврзани вести