Економија, финансии, бизнис

Контакт

Даштевски: Нема да биде изненадување ако се гласа нова влада како за Џафери

Даштевски: Нема да биде изненадување ако се гласа нова влада како за Џафери

Александар Даштевски нема да биде изненаден ако пратениците на СДСМ и нејзините коалициони партнери решат да гласаат нова влада во Собранието на Република Македонија без добиен мандат од страна на претседателот Иванов.

„Ако можеа на таков начин да изберат претседател на Собрание, тогаш може и Влада така да се избере“, изјави Александар Даштевски во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

Тој додаде дека тоа гласање било спротивно и ги прекршило членовите на Деловникот.

Аналитичарите кои ги поддржуваат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и натаму го негираат изборот на Талат Џафери за нов претседател на Собранието иако тој веќе ја извршува функцијата и оствари десетина официјални средби со меѓународни дипломати и политичари.

Од СДСМ посочуваат дека демократските процеси се започнати и тука нема запирање, Иванов е должен да го додели мандатот бидејќи е формирано парламентарно мнозинство кое треба да владее и да ја гласа новата реформска влада, во спротивно ќе го прекрши Уставот.

Слично

Поврзани вести