Економија, финансии, бизнис

Контакт

Даштевски кажа како ќе гласаат граѓаните без лични карти

Даштевски кажа како ќе гласаат граѓаните без лични карти

Бараме законски решенија граѓаните без лични карти да можат да гласаат, вели претседателот на ДИК Александар Даштевски. 

Тој  по денешната седница на Комисијата изјави дека доколку граѓаните имаат важечки пасош ќе можат да гласаат, но дека сепак се преземаат дополнителни активности за изнаоѓање други законски решенија.

„Ние ќе направиме се за да изнајдеме законско решение, бидејќи знаете дека се употребуваат и личната карта и пасошот, така што граѓаните имаат или едно или друго. Ќе гледаме во таа бројка да потпаднат сите граѓани, бидејќи кој нема лична карта има пасош и обратно. Ќе преземе и дополнителни активности за да го искординираме тоа и ќе бараме и други законски решенија“, рече Даштевски.

Тој кажа дека пет проценти од апратите за вчитување на отпечатои од прсти ќе пристигнат на 25 август, а останатите сукцесивно до 1 октомври. 

Премиерот Зоран Заев денеска во Јегуновце рече дека постои техничка можност граѓаните со истечен рок на лична карта да можат да гласаат на локалните избори на 17 октомври, но според него поголем проблем претставува приватниот сектор, односно деловните банки, каде што граѓаните имаат проблем да ги повлечат парите во ваква ситуација. Нови лични карти не се издаваат и не се знае кога ќе ги има. Причина за тоа е блокираниот предлог закон за лични карти, со над 1.500 амандмани поднесени од опозицијата, од кои 1.200 се од партијата Левица.

„Не фалат обрасци за лични карти, системот е добар, само треба да се изгласа Законот за лични карти“, напиша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.

Околу 40.000 граѓани чекаат да добијат лични карти. 

Слично

Поврзани вести