Даштевски избран за претседател на ДИК
Собранието го избра новиот состав на Државната изборна комисија на чело со претседателот Александар Даштевски со 96 гласа „за“. За негова заменичка е избрана актуелната потпретседателка, Детмире Шеху.
Даштевски е познат како претседател на Комисијата за антискриминација, а претседател на ДИК ќе биде на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.
На актуелниот претседател Оливер Дерковски, кој исто така беше предлог на ВМРО-ДПМНЕ, мандатот му истекува в петок.
Даштевски бил член на ДИК во 2006 од редовите на ВМРО-Народна партија. Прв предизвик ќе му бидат редовните локални избори кон крајот на 2021.
Слично
