Економија, финансии, бизнис

Контакт

Даштевски избор на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на ДИК

Даштевски избор на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на ДИК

Александар Даштевски, познат уште како претседател на Комисијата за заштита од дискриминација, е неофицијалниот избор на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Државната изборна комисија.

На актуелната комисија предводена од Александар Дерковски, исто така кадар на ВМРО-ДПМНЕ, и истекува мандатот, а Собранието треба да избере ново раководство на ДИК.

Универзитетскиот професор е предлог на партискиот претседател Христијан Мицкоски, а бил прифатен едногласно на вчерашниот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Даштевски претходно бил член на ДИК во 2006 од редовите на ВМРО-Народна партија. Прв предизвик ќе му бидат редовните локални избори кон крајот на 2021.


Слично

Поврзани вести