Даштевски го нападна Јанчев дека е анархист
Аналитичарот и претседател на Комисијата за заштита од дискриминација, Александар Даштевски, инаку близок до ВМРО-ДПМНЕ, без да именува, со статус на Фејсбук алудираше на потпретседателот на партијата и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, дека внесува анархија со својот став за референдумот на 30 септември.
„Од кога ставовите на раководството на партијата поединечно се кажуваат? Зошто постои одлука на извршен комитет и централен комитет, ако секој си кажува што мисли? Зошто се прави усогласување на ставовите? Е тоа не е партиска демократија, тоа е анархија!“, напиша Даштевски.
Претсдеталот на ВМРО-ДПМНЕ, христијан Мицкоски, со раководството пред полноќ во вторник истакна дека партискиот став е дека секој треба да гласа или да не гласа по своја волја и убедување. Утредента Јанчев изјави дека учествувал телефонски на состаноците и дека ќе гласа на референдумот со глас „против“. Потоа повторно се огласи во јавноста дека тој негов личен став не отстапува од рамките на партискиот став.

