Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дарко Лешоски повеќе не работи за Владата, „фати“ проект од Култура

Дарко Лешоски повеќе не работи за Владата, „фати“ проект од Култура

Поетот Дарко Лешоски на крајот на годината на негово барање го прекинал работниот ангажман во Владата на Република Македонија во секторот за комуникација и односи со јавност. 

Информацијата ја потврди Петрит Сарачини кој одговори на критиките за доделувањето на средства за уметниците од годишната национална програма за поддршка на Министерството за култура. 

„На Дарко Лешоски му е истечен авторскиот договор во Владата заклучно со 31.12 2017 година, и истиот на негово барање не е продолжен“ објави Сарачини кој е дел од тимот за односи со јавност во Министерството за култура. 

Лешоски во годишната програма од Министерството за култура стои дека има побарано финансиски средства во износ од 120 илјади денари за проектот „Дионис-нова македонска поезија“ и истата сума му е и одобрена.

Веб сајтот регистриран за проектот „Дионис-нова македонска поезија“ засега не е активен, туку само е закупен веб доменот.

Слично

Поврзани вести