Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дарко Костовски: За некој ден ќе тендерираме поликлиника во Бутел

Дарко Костовски: За некој ден ќе тендерираме поликлиника во Бутел

Дарко Костовски, градоначалникот на Бутел, пред локалните избори денес објави дека наскоро ќе започне тендерска постапка за изградба на поликлиника на територијата на општината, без да наведе други детали.

Според краткото инфо, оваа одлука била донесена на денешната владина седница, а за тоа првично биле обезбедени 117.725.000 денари за оваа година. Локацијата била веќе одредена, како и проектот кој бил завршен.

- Помина последната одлука на Влада за нова ПОЛИКЛИНИКА во Општина Бутел. Проект спремен, локација обезбедена, обезбедени 117.725.000 денари.

Ќе потпишеме договор до министерот за здравство и ЗА НЕКОЈ ДЕН ТЕНДЕРИРАМЕ !Благодарам на премиерот Христијан Мицкоски кој суштински помогна за најголемото барање на граѓаните на Општина Бутел да стане реалност, објави Костовски.


Слично

Поврзани вести