Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дарко Костадиновски избран за наследник на Добрила Кацарска

Дарко Костадиновски избран за наследник на Добрила Кацарска

По три дена неуспешни обиди, уставните судии избраа нов претседател. Дарко Костовски од денеска(4 јуни) е на чело на Уставниот суд откако добил двотретинско мнозинство (6 гласа) од вкупно деветмината уставни судии.

Мандатот на претходната претседателка, судијката Добрила Кацарска, истече на 2 јуни.

Обидите да се избере нејзин наследник започнаа на 30 мај и имаше вкупно осум круга на гласање. Првично, кандидатки беа Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павлова-Данева.

Вчера, од трката прво се откажа Павлова-Данева, а Васиќ-Бозаџиева и како единствена кандидатка не успеа да собере вкупно шест гласа.

Потоа, следуваше обид да се избере судијата Осман Кадриу, но и тој доби само пет гласа од потребните шест.

Мандатот на претседателот на Уставниот суд трае три години и тој нема право на реизбор. Претседателот се бира од редовите на уставните судии.


Слично

Поврзани вести