Економија, финансии, бизнис

Контакт

Данците не сакаат да слушнат за воведување на еврото

Данците не сакаат да слушнат за воведување на еврото
Само една петтина од Данците сакаат во  нивната земја да се воведе еврото, според неодамнешната анкета на јавното мислење.  Според ТНС Галуп Истражувањето во Berlingske Tidende, во последно време имало забележителни промени во мислењето на Данците во однос на еврото и Европската унија во целина. Само 22 проценти од Данците,  гласаат на референдум за усвојување на еврото, а во февруари нивната бројка била 41 процент.  Поддршка за еврото во замена на круната е на најниско историско ниво. Велика Британија и Данска се единствените две земји надвор од еврозоната кои  не се обврзани да го усвојат еврото. Во Данска на  последниот референдум за воведување на еврото одржан 2000 година резултатот бил негативен. Данскиот министер за европски прашања  изјавил дека  Данците  чувствуваат силен скептицизам во однос на еврото. "Со кризата во еврозоната, може да се разбере дека Данците не стојат во ред за прием на единствена валута", изјавил тој, додавајќи дека ниту Владата  нема планови да се преселат на користење на  заедничката валута.
Слично

Поврзани вести