Данска ќе ни донира 250.000 дози „АстраЗенека“ против Ковид-19
Данската Влада намени
еден милион дози вакцина (по 250.000 дози) како донација за Албанија, Босна и
Херцеговина, Косово и за Северна Македонија. Покрај тоа, Владата намени уште еден
милион дози вакцина „Астра Зенека“ за меѓународниот механизам за дистрибуција
на вакцини КОВАКС.
Во моменталната епидемиолошка ситуација, данските здравствени власти ја вклучија вакцината на производителот „Астра Зенека“ како изборна. Бидејќи побарувачката за оваа вакцина е многу ограничена, данските власти одлучиле да ја поделат порачаната количина вакцини „Астра Зенека“ со земјите на кои им е потребна.
Донациите за земјите од Западен Балкан ќе содржат дози од вакцината на „Астра Зенека“, кои Данска ги порача и ги плати, но кои сѐ уште не се испорачани. Моментално се работи на тоа донациите да се реализираат во наредните месеци.
Министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод, изјави:
- Нашите соседи на Балканот имаат значаен недостиг на вакцини, што истовремено оптоварува некои заедници и го зголемува ризикот од нови жаришта, кои може да се појават и да се прошират. Затоа ми е драго што можеме да излеземе во пресрет и да им помогнеме на нашите блиски партнери со ова апсолутно неопходно оружје против пандемијата, односно со вакцините. Западниот Балкан е дел од нашето непосредно соседство и имаме силен заеднички интерес да се држиме заедно и во пандемијата.
