ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАНОК ОД 25% НА ДОБИВКА ОД КРИПТОВАЛУТИ: Словенија воведе нови давачки, ќе почне да ги наплаќа од 2027 година

ДАНОК ОД 25% НА ДОБИВКА ОД КРИПТОВАЛУТИ: Словенија воведе нови давачки, ќе почне да ги наплаќа од 2027 година

Словенија воведува фиксна даночна стапка од 25% на добивката од продажба или размена на криптовалути. Новиот данок ќе се однесува на сите трансакции – без разлика дали се работи за размена на дигитални средства за евра, долари, стоки, услуги или акции, а ќе почне да се применува од 1 јануари 2026 година.

Законот предвидува исклучок само за физички лица кои се регистрирани како вршители на дејност. Кај нив, приходите од криптовалути ќе се третираат како дел од деловното работење и ќе бидат предмет на класичното оданочување на добивка.

За разлика од капиталната добивка од акции, каде што даночната стапка се намалува со зголемување на времетраењето на сопственоста, кај криптовалутите ќе важи фиксна стапка од 25% – без разлика колку долго средствата се поседувале.

Основата за оданочување ќе биде добивката во рамките на една даночна година, односно разликата меѓу вкупната вредност на отуѓувањето и вредноста на стекнувањето на крипто-средствата. Ако резултатот е негативен, загубата ќе може да се пренесе во наредната година.

Инвеститорите ќе бидат должни да водат детална евиденција за сите крипто-трансакции и да ја приложат на барање на Даночната управа. Инвестиции до 1.000 евра годишно ќе бидат ослободени од оданочување.

Првите обврски за плаќање на овој данок ќе започнат во текот на 2027 година, врз основа на остварената добивка во 2026.

ad
Слично

Поврзани вести