Економија, финансии, бизнис

Контакт

Даночниот шалтер на УЈП стартува од Лозово, ќе заврши во Чашка

Даночниот шалтер на УЈП стартува од Лозово, ќе заврши во Чашка

Мобилниот даночен шалтер на Управата за јавни приходи вчера тргна од општина Лозово. 

Денеска е посетено и Старо Нагоричане, а на 7 според планот е на ред општина Липково. На 15 се Долнени и Карбинци, а на 16 Зрновци. На 20 е Дебреште, на 21 Конче, на 22 Лозово, на 23 Житоше, на 27 Кривогаштани, на 28 Чашка. 

Користете ги даночните услуги на „Мобилните даночни шалтери“. Со трите специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде Управата нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното населиние и бизниси.

Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и слично, како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата за јавни приходи. 


Слично

Поврзани вести