Даниловски вели дека за да се дојде до вакцини мора да се излобира на сите страни
Mора да се употребат сите средства за да се дојде до вакцина против Ковид-19, сите методи, да се излобира на сите страни, изјави епидемиологот Драган Даниловски во емисијата Само вистина на Канал 5.
За вакциналните пасоши, Даниловски рече ако се воведе такво нешто мора да постои и друга алтернатива како негативен ПСР тест. За фактот дека земјава е во фаза на чекање на вакцини, тој рече дека очигледно е дека сиромашните земји, меѓу кои сме и ние, се оставени на цедило. Додаде дека неговите предлози биле да се прават карантини за време на викендите, односно во текот на неделата да има олабавување на мерките, а за викендите целосно затворање.
Македонија уште ги чека вакцините од кои за кои претходно беше најавено дека по кинеската нова година ќе стигнат, но сепак пристигнувањето се пролонгираше.
