Економија, финансии, бизнис

Контакт

Даниловски: Треба да се знае дека ефектот на тие вакцини ќе биде за два до три месеци

Даниловски: Треба да се знае дека ефектот на тие вакцини ќе биде за два до три месеци

Д-р Драган Даниловски за Тв 24 вели дека на вакцините може да сметаме како превенција за евентуален есенски бран, бидејќи една пандемија може да се реши на природен начин, со прележување на болеста и со придобивките на современата наука. 

Вели дека и денес да дојдат 2 милиони дози вакцини ефектот може да настане откако ќе се развие заштита односно минимум по 2 месеци.

„Треба да се знае дека ефектот на тие вакцини ќе биде за два до три месеци. Сметам дека со легла нема да имаме проблем, но треба да помогнеме на здравствените работници“, истакна Даниловски.

Вели дека доколку се продолжи со ова темпо на заразеност, есенски бран на пандемијата од коронавирусот нема да има во земјава.

Во последните 24 часа се направени 3.927 тестирања, а регистрирани се 1.163 нови случаи на КОВИД-19. 

Слично

Поврзани вести