Даниела Рангелова за 27 април: Никогаш не повикав некој да се приклучи на протестот
Даниела Рангелова, поранешна пратеничка и екс-претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, денеска сведочеше за настаните во Собранието на 27 април 2017 и рече дека никогаш како партиски функционер не повикала некој да се приклучи на движењето „За заедничка Македонија“ што резултираше на крајот со крвави инциденти во Законодавниот дом.
Рече дека не присустувала на ниту една седнцица на партијата на која се дискутирало за организирање на протести. Таа додаде дека не присустувала на ниту една седница на партијата на која се дискутирало за организирање на протести.
- Унијата на жени пак воопшто нема надлежност да носи одлуки за протести, туку се занимава со други работи, појасни Рангелова.
Поранешниот член на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ рече дека на 27 април 2017 година до доцните вечерни часови била во Собранието.
- Таму бев до 20 часот, потоа сите пратеници бевме евакуирани во касарната во Ѓорче Петров, наведе Рангелова.
