Економија, финансии, бизнис

Контакт

Даниела Мaркоска: Физички бев нападната од Никола Мицевски во Собранието

Даниела Мaркоска: Физички бев нападната од Никола Мицевски во Собранието

Даниела Маркоска, пратеничката на СДСМ, вчерашниот испад на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој се обидуваше да и го одземе микрофонот и не и дозволуваше да говори за време на собраниската седница, го оцени како физички и вербален напад.

Мицески бараше процедурално обраќање, но спикерот Талат Џафери не му дозволи и се закани дека ќе повика обезбедување во салата во тензичната атмосфера во Собранието која доцна синоќа резултираше без изгласување на законите од петтиот економски антиковид пакет.

„Народе наш, жени и мажи. Не, пратениците не се бркаа за микрофонот. Не! Јас бев нападната физички и вербално со цел да ми се одземе правото на збор и со цел ВМРО-ДПМНЕ да спречи граѓаните да ја добијат економската помош од државата!

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски дејствуваше агресивно за граѓаните да не добијат економски мерки и за да ми го одземе правото на збор. Притоа Мицевски ме вознемири!

Ова е класично вонземирување од позиција на лажна опозициска моќ. Но во ова нивно однесување се крие нивната НЕМОЌ! Агресивноста на ДПМНЕ повторно ќе биде казнета од народот!“, напиша Маркоска.

Опозицијата тврди дека власта нема пари во буџетот да го исплати петтиот сет на мерки и дека единствено бара да гласа само за оваа точка, додека тенкото мнозинство во моментов е без тројца пратеници кои се позитивни на Ковид-19.

Седницата заврши пред полноќ и останува нејасно кога граѓаните, односно компаниите ќе ја добијат финансиската помош, иако претходно имаше средба со договор помеѓу претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.


Слично

Поврзани вести