„ДАНИЕЛ КАЈМАКОВСКИ СИНОЌА БИЛ КИДНАПИРАН“: Српски „Курир“ со шокантна објава
Даниел Кајмакоски бил киднапиран синоќа во Белград, а како што дознава српски Курир, тој бил киднапиран во Бетон Хол, а во таа прилика од него биле побарани 20.000 евра.

Непознатите сторители по кои се трага го врзале и го возеле во неговиот автомобил и побарале 20.000 евра.
- Се сомнева дека се работи за странски државјани, а не е исклучена можноста дека се работи за мигранти. Тие го одвезле киднапирано лице до Рума, каде што, кога сообраќајните полицајци се обиделе да ги запрат, удриле во тротоар, излегле од возилото и избегале - открил извор на Курир.
Даниел стана познат со учество во разни натпревари, а еден од нив беше натпреварот „Твоето лице звучи познато“. Пејачот потоа направи хуманитарен чин и ја предаде својата награда од 25.000 евра на самохрана мајка со две деца.
