Економија, финансии, бизнис

Контакт

Данева за Фактор Магазин: Македонија 10 години немаше стратегија за судски реформи

Данева за Фактор Магазин: Македонија 10 години немаше стратегија за судски реформи

Професорката од Правниот Факултет и претседател на работната група за реформи во правосудството Ана Павловска-Данева во анализата за Фактор Магазин на тема промени во „Сваровски“ судството посочи дека Македонија цели 10 години немала единствен стратешки документ за реформи во судството. 

Сега тоа брзо се менува и Стратегијата за реформи која се подготвува од јули годинава наскоро треба да биде усвоена од владата со тоа што одредени позитивни мерки веќе се применуваат од министерството за правда.

За реформите во судство ќе биде многу важно како ќе се рефлектираат на работата на СЈО, како ќе се спречи корупцијата, но и притисоците и влијанијата врз судиите. 

СЈО исто така може да продолжи да работи во рамки на редовното обвинителство кое ќе биде автономно слично како обвинителството за организиран криминал и да се бори за корупцијата. Секако за тоа ќе биде потребна политичка согласност од сите партии.

Во продолжение погледнете го целосното издание на Фактор Магазин емитувано на ТВ 24.


Слично

Поврзани вести