Економија, финансии, бизнис

Контакт

Данев: Секогаш кога Заев е во паника, се активира СЈО

Данев: Секогаш кога Заев е во паника, се активира СЈО

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ ја искажа партиската реакција на денешниот прес на СЈО за кој смета дека е наменет за да го сврти вниманието од притисокот врз Зоран Заев кој е во паника.

„Народот ги прочита нивните намери и се крева против редефинирањето на државата. Заев е исплашен и знае дека нема да помине реализацијата на платформата од Тирана, преку воведување двојазичност на целата територија, менувањето на банкнотите и плановите за промена на химната, грбот и знамето. Граѓаните нема да му дозволат да ја претвори Македонија од мултиетничка во бинационална држава.

Секогаш кога Заев е во паника, се активира СЈО. Затоа Катица Јанева излегува на прес-конференции со измислени и фабрикувани случаи. Мислат дека така ќе го покријат срамот што ѝ го нанесуваат на земјата.

Со секоја своја постапка СЈО потврдува дека е алатка која треба да му помогне на аболицираниот криминалец Зоран Заев во разнебитување на државата. Последниот нарачан атак од СЈО претставува и атак врз медиумите кои не се под контрола на СДСМ/Сорос. Прoценката на СЈО и СДСМ/Сорос е дека на тој начин ќе ги заплашат и ќе го сокријат пазарењето со државните и национални интереси од страна на Заев.

Нема да ви помине, ниту ќе ви биде заборавено. Веќе сте прочитани. Народот се буди“, изјави Драган Данев на денешната прес-конференција.

Слично

Поврзани вести