Економија, финансии, бизнис

Контакт

Данев се обидува да ја врати, но веќе ја загуби довербата кај авторитарното раководство на ВМРО-ДПМНЕ

Данев се обидува да ја врати, но веќе ја загуби довербата кај авторитарното раководство на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Драган Данев нема повеќе да биде координатор на пратеничката група на опозицијата, откако и самиот го потврди тоа.

Нема повеќе да биде прв меѓу опозициските пратеници, по шпекулациите во последните месеци дека раководството на партијата му замерува за тоа што излегол да гласа на референдумот на 30 септември.

За да ги поправи нарушените односи со раководството на ВМРО-ДПМНЕ однапред истакна дека нема да гласа за отворање на уставните измени на собраниската седница и ако треба нема да дојде во законодавниот дом тој ден.

По ова, Данев успеал малку да ја врати довербата кај авторитарното раководство но не доволно за да остане координатор на пратеничката група, која се намали откако седум пратеници формираа група наклонета кон уставни измени за што тие пратеници беа исклучени од партијата.

Данев присуствуваше и на одбележувањето на 23 Октомври - Денот на револуционерната борба што го организираше партијата во Македонскиот народен театар.



Слично

Поврзани вести