Економија, финансии, бизнис

Контакт

Данев: Македонија влегува во процес од кој нема назад

Данев: Македонија влегува во процес од кој нема назад

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев вели дека договорот што Македонија го направи со Грција за промена на уставното име и на идентитетот е современ геноцид на нашата правна држава и обид за негирање на реалноста. 

Ова го кажа на денешната парламентарна седница за предлог-законот за ратификација на договорот меѓу Скопје и Атина.

„Се работи за капитулански чин, за противуставен договор со кој се врши уставна измена, се навлегува во промена на идентитетот и се прави непоправлива и неповратна штета. Македонија влегува во процес од кој нема назад“ – рече Данев.

Смета дека договорот е едностран, со обврски само за македонската страна, а не, како што рече, со меѓусебни права и обврски.

Вели дека новото име на државата е резултат на билатерална спогодба под уцена, спротивно на повелбата за самоопределување. 

Слично

Поврзани вести