Економија, финансии, бизнис

Контакт

Данев: Ако законот за јазици се носи на сила можни се блокади

Данев: Ако законот за јазици се носи на сила можни се блокади

По најавата на премиерот Зоран Заев дека Законот за јазици ќе се гласа без разгледување на амандманите, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев изјави дека тоа е против уставно и не сака да верува дека тоа ќе се случи. Тој  не одговори дали од ВМРО – ДПМНЕ ќе ја блокираат седницата за законот да не биде донесен. 

„Не сакам да верувам дека гласањето ќе биде без да се разгледаат амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Уверен сум дека ќе се следи деловникот и Уставот. Амандманите мора да се разгледаат. Не учествуваме на координација со Џафери и остануваме на нашите ставови“, вели Данев.

Според Данев, од партијата сè уште размислувата за тоа како ќе постапат и какви мерки ќе преземат доколку законот биде усвоен без разгледување на амандманите.


Слично

Поврзани вести