ДАНЕЛА ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ПОЛНИ ФЕЉТОНОТ, ОВОЈ ПАТ ОТИДЕ ВО ЧАИРЧАНКА, ПОКАЖА ЗГРАДА ОД 12 КАТА ЦЕЛОСНО ИЛЕГАЛНО ИЗГРАДЕНА: „Копаат булевар за на диво да се приклучат“
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со уште едно видео за илегално изградена зграда во општина Чаир. Овој пат станува збор за зграда изградена во Чаирчанка, на булеварот Цветан Димов. Таа со екипи од град Скопје и со пренос во живо се вклучи на социјалните мрежи.
Вели дека на диво се приклучени и на ЕВН и на Водовод.
„Небезбедно, без проект, без комуналии, 12 спрата над 50 станови незаконски градени сега со обид да се прикажат дека се од 2011, со нелегален приклучок на струја, нелегален приклучок на вода и МНОГУ ЗАКАНИ!
Дрскоста оди до таму што денес копаат булевар за диво да се приклучат на водоводна и канализациона мрежа, демек во недела нема никој да ги фати, а на струја веќе див приклучок си направиле.
Во текот на утрешниот ден Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе добие уште еден предмет со илјадници страни фалсификати и злоупотреби од Општина Чаир. Инволвирани повеќе функционери и вработени во општина Чаир“, напиша таа на социјалните мрежи.
Слично
