„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз
Стотици граѓани попладнево протестираа извикувајќи „Скопје бара превоз“. Тие се собраа пред кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска поради проблемите со градскиот превоз.
Имаше и пароли на кои пишуваше дека Данела треба да си замине од позицијата градоначалник.
„Расистички и дискриминирачки е 42.000 граѓани да оставите без превоз. Ве прашуваме зошто само во Шуто Оризари над 90 отсто возат приватни превозници. Немате залепено никаде дека не смее Роми да се возат. Дали сте слушнале за зборот одговорност, покажете политичка зрелост знаете што значи. Ние родителите, учениците, професорите, мажите, жените, сите кои доцниме на работа, добиваме откази, не можеме да стигнеме лекар. Итно да пуштите нови автобуси“, изјави градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш кој го организираше протестот.
Ако проблемот не се реши, Дудуш рече дека идната недела пак ќе протестираат.
Вчера Владата позајми нафта со цел ЈСП да има да сообраќа. Бројот на автобуси кои вчера и завчера сообраќаа низ Скопје беше мал и граѓаните имаа проблем да стигнат на работа или на училиште. Ова не е првпат да има проблеми со превозот во главниот град.
фото принтскрин
