ДАНЕЛА Е СМЕНЕТА, ОРЦЕ ЃОРГИЕВСКИ НА НЕЈЗИНО МЕСТО: ЗЕЛС доби нов претседател
Актуелната
градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска е сменета од претседателка
на ЗЕЛС.
Градоначалникот на Кисела Вода Орце Георгиевски со мнозинство гласови е избран за нов претседател на ЗЕЛС.
-Денес сум избран за нов претседател на ЗЕЛС
Мнозинството на членови на Управниот одбор на ЗЕЛС, го даде својот глас и донесе одлука да ме избере за нов претседател на заедницата што ги обединува сите 81 општина во Република Македонија. Пред сѐ, сакам да им се заблагодарам на членовите на УО на ЗЕЛС за укажаната доверба и за тоа што во мене препознаа човек кој ќе се залага за поголема стабилност на општините и нивна поголема независност во финансиска смисла.
Оттука сакам да потенцирам дека во периодот што е пред нас, силно ќе се залагам за носење на квалитетни одлуки, за поголема децентрализација во духот на демократските процеси, за подеднаков развој на сите единици на локалната самоуправа без разлика на политичката припадност на нивните раководства, од што, секако, најголем бенефит ќе имаат нашите граѓани.
Сакам да се заблагодарам и за досегашниот ангажман на сега веќе поранешниот претседател на ЗЕЛС, градоначалничката Данела Арсовска. Нѐ чека работа и само работа, силна заложба за силни општини, напиша Ѓеорѓиевски на неговиот профил на ФБ
Од Град Скопје преку соопштение реагираат дека уште еднаш на дело се покажала коалицијата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои при денешното гласање во Заедница на единиците на локална самоуправа со здружени гласови на градоначалниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, претставници во ЗЕЛС, е разрешена градоначалничката Арсовска.
