Данела Арсовска назначи нов директор на ЈП „Лајка“
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска гo назначи Воислав Димитровски за ВД директор на јавното претпријатие „Лајка“ на местото на досегашната ВД директорка Тина Петрушевска која е разрешена од функцијата.
Димитровски е предлог на здруженијата за заштита на животните да биде прв човек на јавното претпријатие кое ги третира бездомните кучиња.
Тој по професија е ветеринар, магистер во областа на ветеринарното јавно здравство, национален консултант на ФАО за благосостојба на животните, проект лидер на УНДП за решавање на проблемот со бездомните кучиња на територијата на Југозападниот реон на Македонија.
Од Ветеринарната комора на Македонија е назначен како координатор за решавање на проблемот со бездомни кучиња на територијата на Македонија.
