Економија, финансии, бизнис

Контакт

Данела Арсовска утре седнува во градоначалничката фотелја на Град Скопје

Данела Арсовска утре седнува во градоначалничката фотелја на Град Скопје

Новата градоначалничка Данела Арсовска утре ќе стапи на функцијата на Град Скопје. 

Таа станува прва жена која ќе го раководи главниот град од осамостојувањето на Македонија.  Медиумите од регионот ја нарекоа проевропска политичарка. Таа зад себе има богата професионална кариера.  Пред да стане градоначалничка, Арсовска менаџираше со Сојузот на стопански комори од 2014 година до сега. ССК, пак, е дел од една Светската федерација на стопански комори со повеќе од 12.700 членови и е една од четирите жени носители на таа функција во светот. Таа е дел од меѓународната мрежа на експерти во Г20 каде работи на креирањето на политиките за интегритет и усогласување на регулативата на најсилните економии во светот и е една од основачите на Македонската асоцијација на жени претприемачи. Пред две години Арсовска е избрана за член во Бордот на Глобалниот комитет на жени лидери предводен од Свати Мандела, внуката на Нелсон Мандела. Таа е добитник на награда од Светскиот форум на бизнис-ангели, како најдобар пример кај жените во деловниот свет во Југоисточна Европа. Во 2017 година е назначена за членка на судот за помирување и арбитража на ОБСЕ во Женева, Швајцарија, а исто така е и член на судот на постојаниот арбитражен суд во Хаг, Холандија од 2017 година. Во 2020 година, со согласност на Владата, Данела Арсовска стана почесен конзул на Унгарија. 

Слично

Поврзани вести