ДАНЕЛА АРСОВСКА ПОТВРДИ ДЕКА ЌЕ СЕ ТРКА ЗА СКОПЈЕ: Ќе поднесе независна кандидатура
Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори објави денеска дека ќе се кандидира за градоначалник на Град Скопје како независен кандидат. Во видеото кое го сподели вели дека доаѓа крајот на политички агенди и лажни ветувања.
Доаѓа крајот на политички калкуланти, лаги и корупција континуирано ни ги одземаат шансите за нормален живот. Заткулисни игри предолго го окупираат градот и неговото функционирање, а незадоволството кај граѓаните континуирано се зголемува. Или ќе стоиме на страна или ќе се спротивставиме и ќе почнеме заедно да ги менуваме работите. Партизираност на институциите или одлучност и професионалност за пристоен живот! Време е да се одбере - празни ветувања, нереализирани проекти или вредни, способни и исполнителни личности кои нема да потпаднат под политички притисоци и нема да се откажат од својата визија, вели таа.
Вели дека од сите тие причини одлучила да делувам и да се кандидира за Градоначалник на Скопје како независен кандидат.
„Како изградена личност и жена која со труд и посветеност успеала во личните и професионални предизвици, Ве повикувам заедно да се посветиме Скопје да прерасне во современа и Европска метропола! Да победиме заедно! Да создадеме поврзан град, центар на културата и спортот, град на солидарноста и соживотот. Еколошки чист и зелен град, вели Арсовска.
